ВИДЕО: За првпат виде змија во живо, а сега тој ден ќе го памети засекогаш- огромен питон касна фитнес инструктор (вознемирувачко видео)

Фитнес инструктор од Лондон за прв пат во живо виде вистинска змија. И сега тој ден ќе го памети засекогаш

Фитнес-инструкторот Лени Мекинда го касна змија додека снимаше промо видео за вежбање на отворено во Лондон.

Шефот на салата во Хејс веќе некое време објавува снимки од вежби на отворено, а најновата снимка вклучи огромен питон тежок 25 килограми кога го позајмил од пријателка за да им покаже на своите сограѓани дека можат да вежбаат „во секое време и на секое место“ "

Додека го снимаше воведниот сегмент за Инстаграм, питонот ЛВ, кој му беше завиткан околу вратот, го гризна за увото, а тој вресна од шок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2021 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега