Владата го усвои протоколот за работа на игротеките

Владата денеска го усвои протоколот за работа на игротеките во услови на епидемијата и препорача строго почитување на мерките за заштита од пандемијата, но и на протоколот при вршење на дејноста.

-На денешната седница усвоен е протокол за работа на игротеките во услови на епидемија со КОВИД-19 и се препорачува строго почитување на мерките за спречување на ширење на КОВИД-19 инфекцијата и усвоениот протокол при вршење на дејноста, информираат од владината прес-служба.

Одговорноста за целосно спроведување на одредбите од протоколот, како што информираат оттаму, е обврска на вршителите на дејноста.

Владата денеска го усвои и извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата за барањата на основачите доставени во периодот од 25 септември до 29 септември годинава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега