ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од Дескоска и директорот на Идризово по видеото од затворот

Оставки од министерката за правда Рената Дескоска Тренеска и директорот на Управата за извршување на санкции и директорот на затворот Идризово, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ следи откако беше споделено видео во затворот од собир на затвореници со знаме и парола на СДСМ, а за кое вчера од владејачката партија се огрдија коментирајќи дека немаат поврзаност со овој настан и не го оправдуваат однесувањето на затворениците.

„СДСМ го претворил затворот во месна организација во која се одржуваат состаноци, се прават митинзи и се веат партиски знамиња на партијата. Затворениците се повикуваат на Заев, Шекеринска и други партиски функционери и вршат притисок врз лицата на издржување на казна во затворот да гласаат за СДСМ, што е невиден скандал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повикуваат сите надлежни институции соодветно да реагираат, да биде нотиран предвремен почеток на кампања на СДСМ во институција на државата и истиов настан да биде санкциониран.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2020 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега