ВМРО-ДПМНЕ: Бројката од 641 заболени вина на Комисијата која треба да се замени со нова Специјална комисијата од експерти

 

 

Секој ден е нов пик, вчерашната бројка од 641 заболени е вина на Комисијата, која треба да се замени со нова Специјална комисијата од експерти, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму наведуваат дека власта и Комисијата за заштита од заразни болести немаат никаков кредибилитет и не можат да се справат со корона кризата. Секој четврти тестиран во Македонија е болен од КОВИД.

„Вчерашната бројка од 641 новозаболени е доказ дека ништо од тоа што власта направи нема ефект. Секок ден е нов пик.

Комисијата за заштита од заразни болести потфрли и од првично најавуваните 2.000 заболени за цела пандемија, сега имаме 2.000 за само една недела.

Власта предлага несуштински мерки за борба против пандемијата, уште од самиот старт во март пристапот е погрешен и политикантски.

Комисијата за заштита од заразни болести е главниот виновник за високиот број на заразени и починати. Комисијата наместо стручност демострираше политика.

Токму затоа е потребно формирање на Специјална комисија која ќе биде составена од професионалци, експерти во своите области кои здравјето и интересот на граѓаните ќе ги стават пред лично партиските интереси на партијата на власт.

СДСМ нема капацитет да биде во функција на граѓаните и овој пат одлучи да партизира се до крај.

Потребен е систематски пристап кој ќе резултира за подобрена општа здравствена состојба и силна економија.“ стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 08:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега