ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е без почеток на преговори, политиката на Заев доживеа дебакл

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Македонија е без почеток на преговорите со ЕУ. Од таму велат дека политиката на Заев доживеала дебакл.

„Заев ветуваше почеток на преговори со ЕУ, две години тие само што не почнале, а лажеше дека и поглавја се отвораат. Политиката на Заев е една огромна лага и погазување на државата. Заев го погази идентитетот. Тој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ се едно исто, дека имаат заедничка историја и дека македонската историја почнува по 1945 година. Се што можеше да се осквернави, Заев осквернави. Сакаше и тргуваше со јазикот, идентитетот и историјата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Позициите на Македонија се темелно нарушени, додаваат од опозициската партија и според нив за таквата ситуација виновен е лично Заев.

„Понижувањето на државата е плод на политиката на свиткана кичма на Зоран Заев. Попусти се сега сите обиди да се вади од калта. Наместо тоа потребна е оставка веднаш. Сите политики на Заев се поразени“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа