ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов може да продолжи да се дави во својата ароганција и самобендисаност

Петре Шилегов во својата нервоза поради поразот и патетичност започна да измислува и се самопоканува во емисии кои никогаш не биле предвидени за дебата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека емисијата каде што Шилегов учествуваше се вика „Само интервју“ и тоа покажува дека не станува збор за дебата.

 

– Ја разбираме желбата и матрицата на Шилегов да има дебата во која тој ќе ги навредува своите соговорници, бидејќи тој ниту еднаш не се огради ниту се извини поради сексистичките напади на перјаниците на СДСМ кон Данела Арсовска, но за нас многу поважно што ја разбираме потребата на скопјани да се говори за проекти и решенија на нивните проблеми. Единствено граѓаните на Скопје нам ни се важни, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Петре Шилегов може да продолжи да се дави во својата ароганција и самобендисаност.

22.10.2021 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега