Во 17:00 часот Владата ќе одлучува за полицискиот час - неофицијално, од недела до вторник

 

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека денеска, на владина седница во 17 часот, ќе се одлучува колку ќе трае карантинот за претстојниот продолжен викенд.

 

Спасовски уште еднаш нагласи дека одлуките во однос на ситуацијата со коронавирусот се носат исклучиво врз основа на оценките на науката, на стручните луѓе и во тој контекст сите партии имаат речиси идентичен став, освен претставникот на опозицијата.

 

-Има препорака пред три дена од Комисијата за заразни болести во однос на карантинот, но за денеска одлучив да ја закажам седницата на Владата. Нема други причини, ниту недоразбирања, ниту различни ставови, прилично сме унисони дека треба да носиме одлука верз основа на науката, а не врз основа на политиката. Скоро 100 отсто, освен претставникот на опозицијата. И досега, не само што се повикувавме, туку и го носевме одлуките врз основа на стручните луѓе, истакна Спасовски кој денеска присуствуваше на предвањето на донацијата на респиратори на Клиниката за инфективни болести.

 

Тој потенцира дека политички одлуки не се решение на здравствени проблеми.

Неофицијалните информации говорат дека најверојатно утре полицискиот час ќе остане по старо, односно ќе почне од 19:00 и ќе трае до недела 05:00 изутрина. Во недела, пак, полицискиот час ќе почне во 14:00 и ќе трае сѐ до вторник во 05:00.

 

Доколку Владата донесе ваква одлука, ова ќе биде првпат од воведувањето на вонредната состојба министрите да не ја послушаат Комисијата за заразни болести. Таа завчера побара да се воведе целосен карантин кој би започнал утре во 19:00 часот и би траел до 05:00 часот во вторник.

 

 

 

Без разлика на владината одлука, Исламската верска заедница веќе соопшти дека муслиманските обреди за време на големиот празник Рамазан Бајрам ќе се одржуваат

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега