Во Австралија зима: Забележани најниски температури во последните неколку децении- на некои места навеа снег и половина метар

Австралиските држави Нов Јужен Велс и Викторија го забележаа најголемиот студ во последните неколку децении.

Снег падна во делови од тие земји, а во Сиднеј е забележан најстудениот ден од 1984 година - измерени се 8,8 степени. Температурите паднаа на 6 и 9 степени, што не е забележано во некои градови во последните 18 години.

Половина метар снег наврна во ски-центрите во последните 24 часа.

„Не гледаме често снег низ целиот Нов Јужен Велс сè до границата со Квинсленд“, рече метеорологот Габриел Вудхаус.

Ниските температури се последица на студениот воздух што доаѓа од Антарктикот.

11.06.2021 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега