Во Црна Гора се воведуваат дополнителни мерки поради коронавирусот - апел до граѓаните да ги почитуваат

Новите рестрикции се воведуваат поради исклучително распространетиот локален пренос, големиот број на хоспитализирани и огромниот притисок врз здравствениот систем.

Институтот за јавно здравје на Црна Гора предложи воведување на дополнителни мерки за да се спречи ширење на новата болест, поради исклучително распространетиот локален пренос, големиот број на хоспитализирани и огромниот притисок врз здравствениот систем. Мерките се во сила од денеска.

-Усвоените мерки ќе обезбедат да го сузбиеме интензивното ширење на болеста во првата половина на октомври и да ги зачуваме здравјето и животот на населението, наведува од ИЈЗ и апелираат граѓаните да ги почитуваат доследно мерките.

Од денеска до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите во Никшиќ, Беране и Андријевица, ќе има полициски час од 22 до 5 часот наутро, а работата на угостителските објекти и домашните посети ќе бидат забранети.

Во Рожај е забранета работа на угостителските објекти и одење на гости.

Во Котор, Будва, Подгорица и Плевља, од 28 септември до 12 октомври, угостителските објекти ќе имаат право да работат само до 22 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега