Во Дебар правото на глас го остварија 28, во Центар Жупа четири болни и немоќни лица

Во општните Дебар и Центар Жупа денеска своето право на глас го остварија 32 од пријавените 33 болни и немоќни лица.

Според претседателката на Општинската изборна комисија, Елмира Бакали, во општина Дебар за денешното гласање биле пријавени 29 болни и немоќни лица, но едно лице од нив не отворило врата на избрачкиот одбор.

Вчера пак гласаа 15 лица во самозолација или болни од Ковид-19.

-Во нашата општина своето право на глас денеска го остварија четири болни и немоќни лица,колку што и се пријавија. Вчера кај нас немаше гласање, бидејќи немаше пријавени, изјави за МИА, Еран Зубер, претседател на ОИК за Центар Жупа.

Утре во општина Дебар ќе се гласа на 27 избирачки места а во единствениот избирачки список се запишани 18.764 граѓани со право на глас.

Во Центар Жупа, според претседателот на ОИК, Еран Зубер ќе се гласа на 16 избирачки места, а право глас имаат 7.061 граѓанин. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа