Во ковид-центрите во Скопје вкупно се лекуваaт 375 пациенти - бројот на приеми во изминативе денови е намален

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 375 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за неврологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за неврологија. Двајца болни се примени на ТБЦ и уште двајца на Клиниката за дерматологија. Тројца болни биле хоспитализирани на ОРЛ.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ во текот на вчерашниот ден имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника четири.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти, на Клиниката за очни болести осум пациенти, а на ОРЛ 10 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти.

Вкупно 375 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е намален и изутрината до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2021 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа