Во овој фустан и со ваква фризура изгледа како девојка: Уште една модна 10-ка за Брижит Макрон

Брижит и Емануел Макрон го угостија претседателот на Аргентина, Албертo Фернандез и неговата сопруга Фабиола, во Елисејската палата.

Брижит за оваа прилика ги носела своите омилени високи потпетици – моделот „Eyeline“ од црна кожа на модната куќа „Louis Vuitton“. Овие салонки се одликуваат со врвна елеганција, а дополнителна доза на луксуз им дава златниот детаљ над потпетицата од 10 центиметри.

Со отмените чевли, Брижит носела фустан во нејзиниот препознатлив стил кој се одликува со чисти линии и шик едноставност.

Модните комбинации на првата дама на Франција секогаш се многу едноставни и префинети, но тука секогаш се деталите кои ги прават поинтересни.

Кај овој фустан во темнозелена боја, рамен крој кој ја следи линијата на телото и должина до колената, тие детали се волуменозните ракави во ретро стил кои ѝ даваат доза на романтика на целата комбинација. На Брижит одлично ѝ прилегала и младешката фризура – коса врзана во полуреп која ги „одзема“ годините.

Ваквите фризура и избор на фустан биле во корист на 68-годишната прва дама на Франција бидејќи благодарение на нив, таа изгледала како девојка!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега