Во повеќе угостителски објекти во Битола полицијата рано утринава затекнала малолетници

Ноќеска 01.00 часот по полноќ при вршење акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022“ во повеќе угостителски објекти во Битола се затекнати малолетници, од кои кај еден од нив било утврдено присуство на алкохол од 1,38 промили. Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите.

Како што информира МВР, исто така, во Ресен ноќеска од 23:00 до 02.00 часот преземени се активности во врска со почитување на работното време на угостителските објекти, точење алкохол на малолетни лица, пронаоѓање на лица кои се бараат со потерница, пронаоѓање предмети кои потекнуваат или се наменети за вршење на кривични дела…

При контрола во угостителски објекти биле затекнати повеќе малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци за што, како што информира МВР, ќе следува пријава за угостителите по чл. 204 од Кривичниот законик. Исто така, кај еден малолетник е пронајден метален боксирач, кој бил одземен, а против лицето ќе следува поднесок по Закон за оружје.

За време на акциската контрола на ул. „1 Мај“ во Демир Хисар биле констатирани 20 прекршоци за непрописно паркирање, а на ул.„Крушевска Република“ во Битола биле затекнати и санкционирани 15 непрописно паркирани возила.

13.08.2022 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега