Во Прилеп гласаат 489 болни и немоќни меѓу кои и 44 штитеници од Домот за стари лица

Непречено и без проблеми се одвива гласањето во Прилеп на болните и изнемоштени лица. Пријавени се 489 болни и изнемоштени.

На избирачкото место во домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ првпат гласаат само пријавените штитеници од домот. Дислоцирано е гласањето на граѓаните за поголема заштита на старите лица од Домот. Во домот се 126 штитеници, за гласање се пријавиле 44-ица и се од 17 општини од земјава.

Според Зоран Пешоски, заменик-претеседател на избирачкиот одбор се гласа непречено. До пладне половината од пријавените 44-ица гласале половината.

– Пријавените 44-ица гласачи од Домот се од 17 општини. Се гласа според протоколите. Им даваме заштитна маска, се прави дезинфекција и се почитуваат сите мерки за заштита. Гласањето се одвива непречено, вели Пешоски.

Станка Миленкоска и Петре Петрушески, станари во Домот, велат дека заштитено и добро ги поминуваат деновите со уште 124 штитеници во прилепскиот дом за стари лица. Не се чувствуваат осамени. Особено стресни, истакнуваат, се овие месеци со пандемијата. Го оствариле своето право на глас на првото избирачко место.

– Се чувствуваме заштитено. Немаме контакти со надворешни лица. Сѐ што ни треба ни набавуваат. Се дружиме. Уште изутрината го остварив своето право на глас и тоа е за младите, ние речиси сме го поминале животот, вели 73-годишната Миленкоска.

-Гласав, го оставрив своето право. Овде е добро, го навикнав животот, вели Петре Петрушески.

Денеска своето право на глас го остваруваат и 70 болни и немоќни лица од општина Кривогаштани, 68 лица од општина Долнени и 190 болни и немоќни лица од општина Крушево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега