„Во шок сум, но ќе приредам голем погреб за мајка ми“: Почина актерка од серијата која ја сакаше цела Југославија
На 76-годишна возраст денеска во Швајцарија почина познатата чешка актерка Зузуана Бурианова, пишува „The Daily Blesk“.
Домашната публика ја запозна и ја засака во серијата „Болница на крајот од градот“, која беше масовно гледана во поранешна Југославија пред речиси 40. години.
Актерката и пејачка беше во брак со покојниот режисер Јан Рохач, со кој се пресели во Швајцарија и тогаш ја заврши својата актерска кариера.
Веста за смртта на Зузуана ја потврди нејзината ќерка.
„Во шок сум, но ќе и приредам голем погреб на мајка ми, каде што нејзините пријатели ќе можат да се простат од неа“, изјавика таа за споменатиот медиум.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа