Во страшна сообраќајка во Нови Пазар загинале три млади момчиња- татко го погреба својот втор син кој настрадал во сообраќајка

Три лица загинаа во сообраќајка кај Нови Пазар, Србија.

Демир Смајовиќ (22), Алмир Сулејмановиќ (24) и Џамил Нурадиновиќ (23), додека Џан Д. (26) се бори за својот живот откако се судрија два автомобили во Нови Пазар.

Цели четири часа меѓу саботата и недела вечер, пожарникари од Нови Пазар, по несреќата на автопатот Нови Пазар - Рибарице, сечеле и демонтирале два автомобила со цел да извадат од нив тројца мртви момчиња од овој град и четворица потешко и полесно повредени!

Во страшен судар на два автомобила ауди „а6“ и „опел астра“ загинале Демир С. (22), кој бил зад воланот на ауито, како и Алмир С. (24) и Џамил Н. (23) кои биле во опелот. Џан Д (26) кој бил во опелот се бори за живот, додека со потешки повреди се здобиле уштре три момчиња.

-На блага кривина кон десно, судејќи по се, аудите веројатно излетало од патот и со сета сила удрило во опелот.Загинатиот Смајовиќ заедно со уште тројца другари тргнале да носат визири, додека другите тројца во опелот оделе кон Нови Пазар- вли изво за Куриср.рс.

Изворот наведува дека на местото на несреќата дошол и таткото на загинатит Смајловиќ.

-Викаше на сиот глас кога сфати дека и неговиот син е помеѓу настраданите, а потоа почна да се распрашува уште колку загинати има, не престана да плаче- раскажал очевидец и навел дека сцената била ужасна.

- Го видов Демир можеби половина час пред несреќата. Тој ми рече да одат до Рибарице да се повозат. Беа во добро расположение, насмеани.Малку фалеше да тргнам со нив. Половина час по полноќ отворам интернет, ги гледам вестите, Демир и некои други момчиња починаа. Се јавам на пријател кој беше со Демир - тој не одговара, јсе јавувам кај друг - недостапен. ВЗа момент помислив дека сите загинале - рекол пријател на починатиот Демир.

Како што рекоа пријателите на жртвата Џмил Нурадиновиќ, ова не е единствената трагедија што му се случи на неговото семејство. Имено, пред седум или осум години, исто така во сообраќајна несреќа, постариот брат на Џамил го загубил животот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа