Во Тетово намален бројот на активни случаи со Ковид-19

Кризниот штаб при општина Тетово по денешниот состанок оцени дека се намалуваат случаите на заболени со КОВИД-19, образложувајќи го тоа со намалување на бројот на активни случаи споредено за изминатите две недели.

Центарот за јавно здравје денеска бележи два нови случаја.

д почетокот на пандемијата во Тетово и петте околни општини, вкупниот број на дијагностицирани е 1063, а од нив досега оздравеле 769 лица, 80 починале, со што бројот на активни случаи изнесува 214. За среќа, во Тетово и регионот продолжува трендот на намалување на нови случаи, додека бројот на оздравени е во пораст, со што од минатата недела до денес бројката на активни случаи е значително намалена од 276 на 214 лица, истакна градоначалничката Теута Арифи.

Од Секторот за внатрешни работи информираа дека во Тетово и околните општини вкупниот број лица кои се наоѓаат во изолација со одлука и самоизолација е 378.

Апелираме со посебен акцент до младите луѓе да не се собираат во поголеми групи и да ги почитуваат мерките за физичко растојание, да носат заштитни маски и да внимаваат на личната хигиена. Исто така, деловните субјекти и стопанствениците строго да ги почитуваат протоколите и заштитните мерки, бидејќи за да се избориме против оваа пандемија мора да ја докажеме нашата решеност и високо ниво на општествена и граѓанска одговорност, истакна Арифи.

Во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски изречени се прекршочни платни налози на 21 лице. Нема прекршувања кај контролите на 346 луѓе со решенија за изолација дома.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега