Во тетовско денеска ќе гласаат 80 лица, а утре 192

 Во тетовскиот регион 80 лица се вкупно пријавени за гласање денеска поради потребата да бидат дома во изолација или болни од Ковид-19. Најмногу, 55 се во рамки на општина Тетово, додека во Теарце има осум. По пет се во општините Јегуновце, Желино и Брвеница и само двајца во општина Боговиње.

Своето право на глас од дома утре евидентирани како болни и изнемоштени ќе можат да го остварат 192 лица во сите шест тетовските општини. Тетово има најмногу 81, Јегуновце 41, Брвеница 18, Боговиње 22, Теарце 29 и Желино едно лице.

-Изборната комисија за општина Тетово за денот на изборите има предвидено дислокација на неколку избирачки места. Сите избирачки места кои досега биле лоцирани во објектот на ЈКП Тетово на градски пазар се дислоцираат во ОУ „Братство“- објект Спортски центар, додека сите избирачки места од општина Тетово се преместуваат во ОУ „Лирија“, соопштија денеска од ОИК Тетово.

Општина Тетово има најмногу 84.454 избирачи, кои можат да гласаат на 117 места, додека најмала е општина Јегуновце со 10.168 гласачи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа