Вооружена драма во крушевско: Малолетник со пушка го ранил својот братучед

Дете со ловечка пушка на неговиот татко, застрела друго дете во Крушевско. Повредениот кој е негов братучед, е итно донесен во прилепската болница со тешки телесни повреди.

Инцидентот се случил вчера во семејната куќа на Џ.И.(43), кој во моментот не бил дома.

„Неговиот малолетен син истрелал од ловна пушка, која ја поседувал Џ.И., при што го повредил малолетниот братучед“, велат  од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

23.07.2021 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа