Возило влета во толпа луѓе во САД: Епилогот е еден загинат и 17 повредени лица

 

Едно лице загина, а 17 други се повредени откако возило влетало во толпа луѓе во бар во Пенсилванија, јавуваат американските гласила.

Тоа беше митинг организиран за да се соберат пари за жртвите од пожарот во куќата во кој загинаа 10 луѓе претходно овој месец, соопштија властите.

Несреќата се случила пред бар во Бервик околу 18.15 часот по локално време.

Државната полиција на Пенсилванија соопшти дека осомничениот маж е во притвор.

14.08.2022 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега