Вознемирувачко видео: Кумановец тепаше девојче, а после пет минути бараше помош- се огласи и МВР

На социјалните мрежи се појави видео, на кое може да се види како момче задева девојка. Подоцна, истото момче добива ќотек од друго момче.

„Прво се силеше на девојче, после 5 минути си го доби и почна да плаче за помош“, стои во описот на видеото.

Настанот се случил во Куманово, зад Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

За случајот вечерва се огласија и од МВР:

„Во врска со случајот на насилство во Куманово кој денеска се споделува на социјалните мрежи, СВР Куманово презема соодветни  мерки и активности за расчистување на случајот. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката. Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

Предупредуваме дека видеата се со вознемирувачка содржина!

 

21.07.2021 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега