Вучиќ: Мора да се формира заедница на српски општини
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека сега е сосема јасно оти мора да се формира заедница на српски општини (ЗСО), но посочи дека ќе биде тешко. Вучиќ рече дека ѝ е благодарен на американската делегација, која при посетата на Приштина инсистирала на имплементација на договорените договори.
Тој пред новинарите, по доделувањето на наградите за најдобра фотографија, изјави дека вчера со американската делегација разговарал и за таканаречениот француско-германски предлог.
„Укажавме што одговоривме за тоа во нашиот нон пејпер, кои се нашите црвени линии. Разговаравме и за ЗСО. Очекуваме и ви благодариме што делегацијата на САД инсистира да се спроведе договорот, а ние очекуваме голема средба на 20 пвој месец со (Мирослав) Лајчак. Ќе видиме како ќе изгледа“, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа