За влакно избегната несреќа- Три лица во последен момент спасени од запалена куќа во Карбинци

Три лица од кои двајца тешки инвалиди во последен момент се спасени од запалена куќа, по големиот пожар кој доцна попладнево ја зафати општина Карбинци, објави ТВ Стар.

Инаку, две вили беа опожарени од кои едната целосно изгоре во големиот пожар во атарот на општина Карбинци.

Пожарот е почнат пред околу еден час, но поради ветерот зафатена е голема површина на земјоделско земјиште и култури, а во опасност се доведени и објекти.

Засега не се знае точно која е причината за овој пожар во општина Карбинци.

Ова е веќе трета голема огнена стихија во општина Карбинци за речиси еден месец. Пред повеќе од половина месец изгореа 300 хектари житни култури, овошни и лозови насади. 

21.07.2021 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа