Заев: Да гласаме за најдобрите градоначалници и советници кои соработуваат и носат развој, а не за блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

„Граѓаните бараат резултати, напредок, подобар живот, развој. СДСМ подготви проекти и кандидати кои можат најдобро да сработат за развој, за соработка, за подобар живот - во секое маало, секое село, секој град, секоја наша општина, во целата наша убава татковина. Напредокот и развојот на општините е можен и изводлив само преку соработка. Соработката меѓу градоначалникот, членовите на локалниот совет и централната власт е клучна и нужна за да продолжи развојот на општините кои одлучиле да одат напред“-ова го потенцираше првиот човек на СДСМ, претседателот на партијата, Зоран Заев во своето видео обраќање до јавноста.
 
Тој додаде дека развојот на општините сериозно зависел од локалните совети.
 
„Гласот за најдобриот градоначалник оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа. Да не ризикуваме бидејќи од другата страна се закануваат блокади. Ако кога од спротива имате закана со блокада, нема подобро решение од тоа да гласаме ЗА соработката меѓу најдобриот кандидат за градоначалник и најдобрите кандидати за советници. Затоа, ве повикувам, во недела, да гласаме за градоначалници и советници кои ќе соработуваат и ќе реализираат проекти, а не за оние кои ќе блокираат и кочат. Да гласаме за развојот што го нудат советите на СДСМ, а не за блокадите со кои се заканува ВМРО-ДПМНЕ“-додаде претседателот на партијата СДСМ - Зоран Заев.
 

13.10.2021 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега