Заев: Нашата економија се бори и издржува

Дел од средствата од петтиот пакет  мерки веќе се операционализирани. Од 160 милиони евра се платени концесиите на 120 медиуми во земјава, еден дел се ослободени, а на друг дел им се вратени и парите, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање, кога парите од петтиот пакет на мерки ќе се искористат во стопанството, а конкретно во текстилната индустрија, во која лани без работа остана речиси 6.800 работници.

Премиерот Заев истакна дека еден дел од мерките се пуштени во Собранието и се чека на гласање од страна на пратениците.

-Одлуките на Владата на седница во вторник се донесоа еден дел, а едниот дел ќе се донесат овој вторник. Платите за февруари се исплаќаат на 15 март и ќе ги добијат. Знаат текстилните фабрики, но и сите коишто конкурираат за оваа мерка за платите, за да можат меѓу 1 и 15 да им ги исплатат самите плати, за февруари, а меѓу 1 до 15 април за мартовските плати, вели Заев.

Посочи дека сите мерки ќе бидат достапни за компаниите, а веќе станува достапна и алтернативната помош за компаниите, а тоа се кредитети со нула камата, а и доколку исполнат одреден услов и отпис на кредитот од 30 до 50  проценти. Токму таа мерка Владата ја дизајнирала за трудоинтензивните гранки, како што се текстилната и кожарската индустрија.

Прашан во каква насока ќе се движи економијата и дали ќе се достигне планираниот раст од 3,5  проценти, Заев со одговор дека деновиве Државниот завод за статистика објави податоци, со коишто како Влада добро го водат процесот.

– За 2020 година имавме пад од 4,4, конечно излезле 4,5 проценти. Во споредба со државите, како што се Германија, Италија, Шпанија и другите имаат 7, 8, 11 проценти пад. Значи мерките дале резултат и специфичноста на нашата економија се бори и издржува. Нормално ние сме извозно ориентирани, мал пазар сме и многу зависиме од странските пазари, вели Заев.

Посочи дека податоците покажауваат дека наплатата на ДДВ во февруари годинава е повисока за 12 проценти од февруари лани, кога ја немаше пандемијата, персоналаниот данок е падната за 5 проценти, додека данокот на добивка е зголемен на 26 проценти. Оцени дека генерално важните приходи се зголемени за 6 или 7 проценти, во споредба со лани. Од продажбата на евробрзница од 700 милиони евра, државата веднаш ќе врати 500 милиони евра, кои имале камата од 3,9 проценти камата, со што ќе се заштедат околу 11 милиони евра на годишно нивово разлика на каматите. Додека 200 милиони се за дефицитот, којшто го има буџетот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега