Заев за Сител: Никогаш не сме имале попозитивна кампања

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на завршниот ден од предизборната кампања во интервју за Сител истакна дека и покрај форматот во кој се одвиваше со оглед на пандемијата со коронавирусот, успеале своите пораки да ги претстават пред граѓаните.

Вели дека СДСМ во програмата се фокусирала на сите важни аспекти и сфери важни за граѓаните.

-Ние се придржуваме максимално за фер кампања. Мислам дека никој пат не сме имале попозитивна кампања. Сите спотови, сите наши обраќања, сите дебати, во разговор со луѓето зборуваме за нас, кои сме, што сме направиле и што ветуваме во следниот период. Можеби некој пат само сме одговориле на нашиот опонент кој одлучил целата своја кампања да ја води во негативни конотации. Цело време се зборува за Зоран Заев како лидер на најголемата владејачка партија. Дефинитивно разговорите се нешто што не го поддржуваме, рече Заев, посочувајќи дека дека кога СДСМ имаше разговори беа објавувани јавно.

Според него, опозицијата решила тоа да го прави на задкулисен начин, преку портали, бидејќи се пуштаат само делови од разговорите.

-Од другата страна гледаме дека се води негативна кампања. Со моето искуство верувам дека народот сака позитивна кампања. Затоа бевме максимално фокусирани на позитивната кампања, освен кога давате одговор на некоја прозивка на вашиот опонент или противкандидат. Верувам дека најголем успех ќе донесат ветувањата за поголеми плати и пензии бидејќи тоа допира до сите граѓани, рече Заев додавајќи дека Владата која ја предводеше тој успеала тоа да го направи.

Вели дека покажале како се работи за време на криза во последните три месеци, и од здравствен и од економски аспект.

-Јас верувам дека овие гаранции, овие аргументи, овие докази кои што стојат зад нас се најсилните докази за граѓаните дека можеме уште повеќе и можеме уште повеќе. Ветивме 34.000 просечна плата до крајот на мандатот, ветивме минимална плата од 20.000 денари. Ако ја покачивме 5.500 денари за две и пол години, за следните четири години можеме за 4.500 денари да ја покачиме минималната плата, рече Заев додавајќи дека верува оти човечкиот капитал може да биде двигател на македонската економија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2020 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега