Загина поранешниот пратеник и директор на Идризово, Живко Пејковски
На 61-годишна возраст, вчера во сообраќајна незгода загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Пејковски беше пратеник во еден мандат, а потоа ја извршуваше функцијата директор на најголемиот затвор во државава.
Веста за неговата смрт е објавена на социјалните мрежи, каде блиските и пријателите се простуваат од него.
Како што соопшти ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Демир Хисар, телото ќе биде изложено во капелата во Демир Хисар утре во 11:00 часот, а погребот на Пејковски ќе се одржи во 13:00 часот на градските гробишта.
30.11.2024 - 10:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа