Започна евакуацијата: По предупредувањето за цунами нов земјотрес од 8 степени кај Нов Зеланд

Нов, уште посилен земјотрес вечерва го погоди Нов Зеланд, овојпат со јачина од 8,0 степени според Рихтеровата скала.

 

Земјотресот се случил околу 20.30 часот, а неговиот епицентар бил северно од Нов Зеланд, на длабочина од 10 км, во близина на островот Рангитохуа. Овие острови припаѓаат на Нов Зеланд и се наоѓаат на скоро 2 000 километри југозападно од Самоа и над 6 800 километри од Хаваи.

Издадено е предупредување за цунами за североисточниот брег на Нов Зеланд, а цивилната заштита им нареди на жителите „веднаш да се преселат во најблиските ридови или што е можно подалеку од копно“.

Четири часа претходно, Нов Зеланд беше погоден од друг силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега