Заразени наставници, воспитувачка и негователка во штипските училишта и градинки

Триесет и четири второоделенци од штипското основно училиште „Тошо Арсов“ и нивните две наставнички заминуваат во изолација, откако имале физичка настава од наставник од предметна настава, кој е позитивен на коронавирусот.

Директорката на училиштето, Фросина Маџарова вели дека од почетокот на учебната година, досега имаат тројца наставници, кои се заразиле со вирусот. Прекин во насатвата нема, бидејќи учениците и наставниците ја реализираат он-лајн. Нови случаи на заразени вработени во штипските детски градинки се регистрирани во објектот на градинката „Астибо“ во населбата „Сењак“. Воспитувачка и негователка се инфицирани, со што во изолација се испратени шест деца.

Директорката на Центарот за здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека вчера се регистрирани 25 случаи, но и денеска се очекува двоцифрена бројка. Заразате се шири меѓу младите над 20 години, семејствата, но и сега и во училиштата и градинките. Текстилниот кластер во најголемата фабрика во ТИРЗ зоната е стивната.

На Инфективното одделение во штипската Клиничка болница денеска се хоспитализирани 53 пациенти, има два слободни кревети, 20 пациенти се со тешка клиничка слика и се на кислородна поддршка, а во болнички услови е починат пациент на 72 -годишна возраст од Штип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега