Здравствените власти во Велика Британија на бремените жени им ги препорачуваат овие две вакцини

Бремените жени во Велика Британија треба да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер“ или на „Модерна“ затоа што постојат реални податоци дека се побезбедни, објавија институциите што ги издаваат упатствата за вакцинација.

Заедничката комисија за вакцинација и имунизација изјави дека околу 90. 000 бремени жени биле вакцинирани во САД, претежно со тие две вакцини и дека немало сериозни несакани ефекти.

„Врз основа на овие податоци, комисијата советува бремените жени во Велика Британија да примааат вакцини на ‘Фајзер/Бионтек’ или на ‘Модерна’ секогаш кога е тоа е можно“, се вели во соопштението.

„Нема докази дека другите вакцини се небезбедни за бремени жени, но потребно е дополнително тестирање“, додаваат од комисијата.

На бремените жени во Велика Британија претходно им беше советувано да не се вакцинираат затоа што нема доволно податоци за несаканите ефекти.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега