Земјиште кај „Холидеј Ин“, Бочварски: Урбанизацијата да продолжи, но согласно потребите на општината

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, запрашан за став во врска со Урбанисктичкиот план за парцелата спроти хотелот Холидеј Ин во Скопје, кадешто се спротивставуваат ставовите – За или – Протв изградба на повеќекатници, вели дека стручните луѓе од Општина Центар, на чија територија е спорната површина, треба да одлучат за Деталниот план на Општината.

„И кога би дошол елаборат за суспензија, во Министерството, нема да одлучува Бочварски, туку ќе одлучува стручна комисија за да не влијае политиката по однос на овие прашања. Секако, мојот став, генерално да го кажам е дека урбанизацијата треба да продолжи согласно потребите на општините“, рече Бочварски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2021 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега