Земјотрес со јачина од 7,5 степени по Рихтер во Русија- издадено предупредување за цунами (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 7,5 степени по Рихтер го погоди денеска истокот на Русија кај Курилиските острови, а регионалните власти издадоа предупердување за цунами.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил во море северно од Јапонија и источно од Русија, на длабочина од 59 километри.

Епицентарот бил југо-западно од градот Север-Курил, на островот Парамушир, кадешто бил почувствуван земјотресот.

Мештаните се евакуирани во ппоголем дел од островот заради заканата од цунами, а засега нема извештаи за жртви и штети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега