Зетот на кралицата Елизабета открил: „Таа има таен тунел под палатата, води директно до нејзините“
Сопругот на принцезата Еугенија, внуката на кралицата Елизабета Втора, тврди дека владетелката на Велика Британија има таен „тунел за пијалаци“ под Бакингемската палата.
Кралицата има таен тунел под Бакингемската палата кој води до една од нејзините одаи.
Џек Бруксбенк, сопругот на британската принцеза Еугенија, ја споделил информацијата за тунелот, пренесува „The Sun“.
Тој не е единствениот таен премин во палатата
Во Бакингемската палата постојат 775 огромни соби, па со самото тоа не е ниту чудно што монархот може брзо да се движи во рамките на резиденцијата.
На утринската програма во Британија во 2015 година, Кејт Гараваи на гледачите им овозможила „обиколување“ на големиот Бел салон.
„Ова е Белиот салон. Изгледа преубаво, зарем не?“, изјавила водителката.
Но, кога застанала да се види во огромното огледало среде собата, открила дека зад него се крие тајна врата низ која кралицата може да влезе во тајност.
„Доколку го отворите ова ќе видите дека одзади се наоѓа таен премин кој води до приватните одаи на кралицата“, изјавила водителката.
Ана Реиндолдс, исто така потврдила дека тоа е пат до кралските тајни одаи.
„Често кога кралицата се сретнува со гостите, тие стојат тука во Музичката соба за да ја запознаат. Тие премини на кралицата ѝ овозможуваат да влезе без проблем веднаш“, изјавила Ана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа