Жбогар: ЕУ ќе и помогне на Северна Македонија за справување со коронавирусот

 

Евроамбасадорот Самуел Жбогар преку својот твитер профил ја најави помошта од ЕУ за  Македонија за справување со коронавирусот.

– Сите сме заедно во борбата против злобниот вирус. Во ова време на потреба, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија до 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони за социјално и економско закрепнување, 9 милиони за приватниот сектор и до 3 милиони евра директна буџетска поддршка, напиша евроамбасадорот Жбогар.

Тој ја поздрави и одлуката на ЕУ за старт на пристапните преговори со земјава. – Горд сум што и во овие тешки времиња, земјите членки на ЕУ ги признаа напорите на Макеоднија и решија да започнат преговорите за пристапување. Започна нашето заедничко патување. #idninazaedno #napredzaedno #EUsoTebe #EUwithU, порачува евроамбасадорот Самуел Жбогар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега