Жена заразила 71 лице со коронавирус за 60 секунди во САД

Официјални лица во Центарот за контрола и превенција на болести на САД опишаа необичен случај на ковид- 19, објави „Дејли Стар“.

На почетокот на април една жена заразена од коронавирусот пристигнала во Кина од САД и поминала две недели во самоизолација во нејзиниот стан, немајќи никаков контакт со надворешниот свет. Таа немала никакви симптоми на болеста, но по направениот тест кај неа се пронајдени антитела.

И покрај строгото почитување на правилата, таа го проширила смртоносниот вирус и ги заразила соседите. Ова се случило додека се возела со лифтот од зградата каде што била сама.

Најверојатно, заразените го допирале носот и устата по допирањето на копчињата во лифтот, коментираат експертите. Тие потенцираат дека асимптоматските пациенти сè уште претставуваат најголема опасност за другите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа