Жива музика и повеќе лица на маса бараат угостителите

Жива музика, повеќе лица на маса, организирање прослави и во помали објекти… се дел од барањата на угостителите.

Претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски изјави дека имаат нови барања.

„Бараме укинување на ограничувањето на работното време, на маса да можат да седат повеќе од 4 лица и да има жива музика. Дел од угостителските објекти традиционално имаат групи кои вршат анимација на гостите, од кои објектот зависи. Тоа што во моментов е ускратено правото на музичарите, не е проблем само загуба што ја трпат музичарите, туку проблем е што губат и угостителските објекти“, вели Јосифовски.

Тој смета дека е голема неправда доколку Владата или било кој министер мисли дека со одлука ќе се додели финансиска помош само на едни, а другите ќе бидеме набљудувачи и ќе гледаме како тие пари ги насочуваат за друга употреба.

Угостителите очекуваат Комисијата за заразни болести  да ги земе предвид сите нивни барања“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега