Зошто не треба да го бакнувате вашето куче во уста?

 

Медицински асистент на ТикТок сподели зошто никогаш не треба да го бакнувате вашето куче во уста.

Тиктокер зад профилот @medexplained2you објасни како бакнувањето куче во уста може да предизвика сериозни компликации по здравјето на луѓето.

– Доколку го бакнувате вашето куче во уста, време е да престанете. Всушност, поради тоа би можеле да ги изгубите екстремитетите, вели тој во видеото кое е прегледано 2,3 милиони пати. Тој додаде дека бактеријата може да се пренесе од куче на човек и да предизвика некои прилично непријатни проблеми.

– Ова е сериозна болест која може да предизвика широко распространета системска инфекција, септичен шок, па дури и гангрена, во зависност од тоа колку брзо напредува и кога ќе биде дијагностицирана. Ампутацијата може да стане единствениот третман. Зошто да не ја избегнете целата таа неволја и едноставно да престанете да го бакнувате вашето куче , што изгледа како лесно решение, рече тој, а со него се согласува и американскиот Центар за контрола на болести.

– Ретко, бактеријата Capnocytophaga може да се прошири на луѓето преку каснувања, гребаници или близок контакт со куче или мачка и може да предизвика болест, вклучително и сепса. Повеќето луѓе кои биле во контакт со куче или мачка не се разболуваат. Луѓето со ослабен имунитет системите кои имаат потешкотии во борбата против инфекции, имаат поголем ризик да се разболат, стои на нивната веб-страница.

22.10.2022 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега