ВИДЕО: Хорор на аеродром во Иран: Механичар бил вовлечен во моторот на авион

 

Страшна драма се одвивала на меѓународниот аеродром „Чар Бахар“, на југот на Иран, во Оманскиот Залив, кога механичар бил вовлечен во моторот на авионот што работел за време на одржување.

Авионот „боинг 737-500“ на иранската домашна компанија „Вареш ерлајнс“ пристигнал според планираното од иранската престолнина Техеран рано наутро во 7.15 часот и безбедно слетал на „Чар Бахар“. Кога сите патници и членови на екипажот се симнале, механичарот Аболфазл Амири почнал да работи на рутинското одржување.

 

Иако околу моторот секогаш има безбедносен простор за заштита на луѓето од несреќи, Аболофазл Амири поминал низ него бидејќи ги заборавил алатите на моторот. Во тој момент го вшмукал моторот.

Механичарот немал шанса да побегне од моторот кој работел, а работите да бидат уште полоши, избувнал и пожар.

Иако противпожарната бригада на аеродромот бргу се нашла на местото на несреќата и го изгаснала пожарот, спасувачите успеале да ги извлечат само остатоците од мажот, пренесува „Билд“.

Иранските воздухопловни власти наредија истрага за несреќата.

Слични несреќи се случија на аеродромите во САД и Холандија. Во мај на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам еден човек беше вшмукан во турбината кога авионот беше подготвен за лет за Билунд, Данска. Сепак, истрагата неколку дена подоцна откри дека вработениот на аеродромот извршил самоубиство.

Во 2023 година мајката на три деца, Кортни Едвардс, беше фатена во мотор на регионалниот аеродром „Монтгомери“ во САД затоа што премногу се доближила до авионот. Таа починала на местото на несреќата.

 

09.07.2024 - 16:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа