10 филмови со најголема заработка во 2022

 

Во текот на 2022 година, филмската индустрија малку заживеа и закрепна од кризата предизвикана поради пандемијата со коронавирусот. Но, колкаво и да е подобрувањето, сепак ситуацијата сè уште не е како од пред 3 години.

Некои долгоочекувани блокбастери конечно пристигнаа во кината и иако се водеше носталгичен маркетинг како во старите времиња, тоа не беше доволно. Се очекува заработка од 7,4 милијарди долари од продажбата на билети во САД и во Канада, според проценките на аналитичарите и студијата, што е пад од 35% во однос на годината пред пандемијата.

 

Според податоците на Comscore, десетте филмови со најголема заработка  на бокс-офисот ќе сочинуваат повеќе од половина од вкупната заработка на киноблагајните, додека пред пандемијата, првите десет филмови сочинуваа меѓу 30 и 40 проценти од вкупниот годишен приход.

Осум од филмовите со најголема заработка во 2022 се продолженија.

 

Десеттото место го зазеде научно-фантастичната комедија „Moon Man“ (460 милиони долари), додека на деветтото место е воената драма „Water Gate Bridge“ (626 милиони долари).

На следните три места се најдоа „Thor: Love and Thunder“ (761 милиони), „The Batman“ (771 милиони) и „Black Panther: Wakanda Forever“ (803 милиони долари).

На петтото место се најде „Minions: The Rise of Gru“ (939 милиони долари), додека на четврто место со најголема заработка е „Doctor Strange in the Multiverse of Madness“ (955 милиони долари).

Филмовите кои се најдоа на првите три места можат да се пофалат со профит поголем од милијарда долари. Иако се појави во кината во декември, „Avatar: The Way Of Water“ за две недели заработи милијарда долари.

Го зазеде третото место и доби голем број позитивни реакции и од критичарите и од публиката. На второто место е „Jurassic World: Dominion“ (1 милијарда долари).

„Top Gun: Maverick“ (1,48 милијарди долари) се најде на врвот на топ листите. Ова долгоочекувано продолжение на култниот филм од 1986 година може да се пофали и со најдобра оценка на IMDb.

03.01.2023 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега