16-годишник од Крива Паланка кривично ќе се гони, украл автомобил од сограѓанин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 16-годишник од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“.

Пријавениот, на 01.05.2024 пред викенд куќа во с.Мождивњак, го одзел патничкото возило на С.Р. кое било отклучено со клуч за стартување на бравата, при што се упатил кон с.Конопница, а потоа возилото го оставил кај браната Кнежево.

04.07.2024 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега