17 државни институции и приватни компании го избраа РЕС за снабдувач со струја во април

Уште 17 компании и државни институции во текот на април го одбраа Renewable Energy Supply - РЕС за свој снабдувач со електрична енергија.

РЕС во текот на минатиот месец даде најповолни понуди за снабдување на УЈП, Државниот завод за статистика, Заводот за ревизија, Агенцијата за катастар, Општина Велес, како и на реномираните стопански субјекти ОКТА, Скопски Пазар, челичарница Железник и други компании.

Со ова, балансната група на РЕС достигна над 300 субјекти, со вкупна годишна потрошувачка од над 400 GWh електична енергија, што гарантира стабилно снабдување и сигурност за клиентите.

Тоа ја потврдува водечката улога на РЕС како најдобар партнер на слободниот  пазар, како при снабдувањето, така и при откупувањето на електричната енергија од производителите од обновливи извори.

05.05.2023 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега