20-ти, 30-ти, 40-ти, 50-ти: Во кои години е најдобар сексот

 

Кога е најдобро време за секс? Како го доживуваат луѓето сексот во дваесеттите години, а како во педесеттите? Писателката Трејси Кокс се обидела да одговори на овие и слични прашања во својата нова книга „Добриот секс започнува во 50-те години“.

Како што смета Кокс, за експериментирање идеални се 20-те години. Слободата и несигурноста се измешани кога личноста е толку млада, односите често се прекинуваат и започнуваат нови. Сексуалниот нагон е многу силен, а чести се и размислувањата на оваа тема, пишува „The Sun“. 

Секс во тројка, секс со личност од ист пол, секс за една вечер… сето ова им паѓа напамет на луѓето во 20-те години од животот. Меѓутоа, тие се многу често несигурни бидејќи се фокусирани на својот изглед, а не на задоволството.

„Не постои совршено тело. Ако сте добри во кревет, не значи само да имате згодно тело туку и ентузијазам. Доколку по сексот не се чувствувате добро, тогаш сте спиеле со погрешна личност“, вели Кокс.

Кога се нешто повозрасни, односно во 4-та деценија, луѓето најчесто стапуваат во брак и тогаш настанува малку помирна фаза. Најмногу неверства се случуваат кај луѓето кои се во овие години бидејќи не можат да замислат дека ќе спијат со истата личност до крајот на животот.

Но, истовремено, луѓето се воглавно посигурни од претходно и подобро го познаваат своето тело. Иако некои жени имаат проблем со постигнување оргазам во текот на 20-те години, во 30-те тоа не е проблем бидејќи се поискусни и знаат точно да му објаснат на партнерот што сакаат.

40-те години од животот, би можело да се рече дека се пресвртни во сексуалниот живот. Концентрацијата е подобра, а физичкиот изглед е во втор план. Сексуалното либидо е сè уште силно, па и ситуацијата во спалната соба е сосема добра.

Можеби делува по малку изненадувачки, но Кокс тврди дека сексот во 50-те години е најдобар. Иако сексуалниот нагон почнува да опаѓа по менопауза, сексот може да биде одличен бидејќи жените се целосно опуштени.

„Децата се пораснати, кариерата ви е изградена, имате и време за себеси. Сексот е тогаш побавен и поеротичен“, вели таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега