200 килограми кокаин: Голема заплена при акција на италијанските власти

Италијанската полиција запленила 200 килограми кокаин, откриени во четири автомобили и уапсила тројца албански државјани.

-Во акција на италијанските власти во Вимеркате, запленети се 142 килограми кокаин и уапсени двајца млади Албанци. Во меѓувреме, во Милано уапсено е трето лице, исто така албански државјанин, на кое двајцата сонародници му доставиле 60 килограми кокаин, објавија албанските медиуми.

Наркотиците биле скриени во возила, кои се наоѓале во гаражи на станбени згради, кои биле изнајмени.

01.10.2024 - 17:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега