220 сообраќајни прекршоци во Скопје, 21 за брзо возење

 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкциja, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 22 мерки за неносење на сигурносен појас. Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник…“, соопшти МВР.

Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

09.11.2023 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега