7 причини зошто треба да користите куркума во исхраната: Оваа кралица на зачините има неверојатни лековити својства

 

Куркумата е зачин кој веќе со векови се користи во Индија и Индонезија, а во последните децении сè почесто и на просторите на Европа.

Поради нејзините лековити својства, Индијците ја доживуваат куркумата како света храна, а оттаму и нејзиното име кое всушност значи „чудо на природата“.

Куркумата настанува со мелење на сувиот корен на тропската билка која припаѓа на семејството ѓумбир. Нејзиниот изглед потсетува на морков, а бојата ѝ е кафеаво-портокалова.

Овој магичен зачин им дава прекрасна жолто-портокалова боја на јадењата, а со својот посебен вкус збогатува многу чорби, сосови, варива итн.

Особено е значајна нејзината основна состојка – куркуминот, кој има превентивно дејство во спречување на многу болести. Постојат многу причини поради кои треба да го внесете овој зачин во исхраната, а еве дел од нив:

1. Куркумата има силно антибактериско дејство.

2. Го отстранува лошиот здив и спречува ширење на бактериите во усната шуплина бидејќи содржи фитонутриент - куркумин.

3. Се препорачува како додаток во редовната терапија кај заболувања на коските и ревматоиден артритис.

4. Куркумата има антиоксидативно и хепатопротективно својство благодарение на активната состојка – кумарин, кој помага во спречување на оштетување на црниот дроб.

5. Го поттикнува обновувањето на цревната флора и е еден од најсилните природни антибиотици кои не ги уништуваат добрите бактерии во цревата.

6. Има значајна улога и во заштита на срцето и крвните садови, а помага и во регулирање на лошиот холестерол.

7. Куркумата е дополнителен алтернативен метод во лекување на егзема, но и кај намалување на шеќерот во крвта.

28.09.2021 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега