7 земји не ја сакаат Украина во НАТО: Познато кои
Претседателот Володимир Зеленски има проблем со Планот за победа, кој се заснова на тоа Украина да добие покана за членство во НАТО.
Имено, некои од клучните членки на алијансата не сакаат тоа да се случи, пренесува Политико.
Германија и САД се меѓу главните земји кои не сакаат да ја исполнат желбата на Зеленски за итна покана за членство во НАТО, изјавија за Политико четворица функционери и дипломати од САД и НАТО, кои сакаа да останат анонимни.
Во неговиот План за победа, Зеленски побара итна покана, но призна дека вистинското приклучување во алијансата ќе биде можно само по завршувањето на војната со Русија.
Да потсетиме, тој неодамна инсистираше на тоа дека е „од фундаментално значење“ Украина „да добие покана за време на војната“.
Но, клучните членови на алијансата се загрижени дека ќе паднат во замката на војната со Русија.
Клучните земји се Америка и Германија
Амбасадорката на САД во НАТО во заминување Џулијан Смит во интервју за Политико го потенцира ставот на САД.
„Алијансата до денес не стигна до точка кога е подготвена да понуди членство или покана за Украина“, рече таа.
Самиот Зеленски призна дека Олаф Шолц, канцеларот на Германија, која е втора по Америка по испорака на оружје за Украина, нема да ја поддржи идејата за избрзана покана за Украина за членство во НАТО.
„Имам многу добри односи со Шолц. Ценам дека помага. Германија е втора по поддршка“, изјави Зеленски на новинарите претходно оваа недела.
„Но, германската страна е скептична за нашиот влез во НАТО… Сите ќе треба многу да работиме со германската страна. Но, САД сè уште ќе имаат влијание врз тоа“.
Германија и САД не се единствените земји кои ја блокираат брзата покана на Украина за НАТО.
Орбан и Фицо – европски лидери со про-Кремљ ставови
Против се Унгарија и Словачка, но од други причини. Нивните сегашни популистички лидери заземаат про-Кремљ позиции, при што унгарскиот премиер Виктор Орбан ги блокираше фондовите на ЕУ за вооружување на Украина, како и програмата на НАТО за испраќање воена помош во Киев.
Во објава на социјалните мрежи, Орбан го нарече планот на Зеленски за победа „повеќе од застрашувачки“.
Словачкиот премиер Роберт Фицо претходно овој месец предупреди дека дозволувањето на Украина да се приклучи на НАТО „би било добра основа за третата светска војна“ и вети дека „никогаш нема да се согласи со тоа“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа