78 санкции за брзо возење во Битола

Во период од 13 -19 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 78 возачи.

Од нив 36 возила се на подрачје на Ресен, 16 Битола,15 Прилеп,шест мерки во Македонски Брод, три Крушево и две мерки на подрачје на Демир Хисар.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

29.03.2024 - 21:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега