8-годишно момче преживеало пет дена во опасен парк со лавови
Осумгодишно момче е пронајдено живо откако поминало пет дена во парк, дом на лавови и слонови во северниот дел на Зимбабве.
„Се започна кога Тинотенда Пуду залута на 23 километри од дома во опасниот парк Матусадона“, изјави пратеникот Муца Муромбеџи.
Службата за паркови и диви животни на Зимбабве потврди за Би-Би-Си дека инцидентот навистина се случил, но не дадоа дополнителни информации. Муромбеџи истакна дека момчето го искористило своето знаење за дивината и вештините за преживување.
Тинотенда преживеал јадејќи диво овошје и копајќи мали бунари во суви речни корита со стап за да пристапи до вода, вештина која се учи во сушните области. Членовите на локалната заедница започнаа потрага и секој ден удираа во тапани обидувајќи се да го натераат да се врати дома.
На крајот го пронашле чуварите на паркот.
„На петтиот ден, Тинотенда го слушнал возилото и се стрчал кон него, но се разминале. За среќа, чуварите се вратиле, забележале свежи мали човечки траги и продолжиле со потрагата додека не го пронашле“, рече Муромбеџи.
„Веројатно тоа беше неговата последна шанса да биде спасен по пет дена во дивината“, додаде таа.
Паркот Матуадона зафаќа повеќе од 1470 квадратни километри и е дом на бројни животни, вклучувајќи зебри, слонови, нилски коњи, лавови и антилопи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа