80 куршуми: Полицијата ги најде во џебовите на убиецот во Цетиње
Осумдесет куршуми се пронајдени во џебовите на Ацо Мартиновиќ од Цетиње, кој е осомничен дека вчера во Црна Гора убил 12 сограѓани и ранил четворица.
Покрај муницијата пронајдена во неговите џебови, во шаржерот на пиштолот, неофицијално дознава „Вијести“, биле пронајдени и неколку куршуми со калибар 9 милиметри.
Мартиновиќ вчера злосторството го започнал во ресторанот „Велестово“ во близина на Спортскиот центар во Цетиње. По инцидентот меѓу него и гостин, тој отишол дома да земе пиштол, се вратил во кафеаната и таму убил четири лица.
Потоа ги убил членовите на неговото семејство и две деца на возраст од 10 и 13 години на три познати локации. Откако полицијата го опколи, тој се застрела и почина при транспортот до Клиничкиот центар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа