A1 со атрактивна новогодишна понуда за сите корисници

 

Од синоќа, А1 Македонија ја започна новогодишната кампања која ги вклучува и емоциите и спомените од еден од најголемите македонски хитови познат за сите генерации – “Сите твои слики” од познатата гостиварска група “Ареа”. Компанијата ја пренесува пораката за споделување, нагласувајќи дека секој миг може да се трансформира во нешто многу поголемо создавајќи уникатна и незаборавна празнична атмосфера за сите.

Новогодишното изненадување од А1 Македонија доаѓа со тарифните модели  А1 Combo со супериорен оптички интернет и телевизијата A1 Xplore TV која нуди опција за избор на канали, многубројни функционалности за корисникот како што е телевизија на сите уреди каде и да се, можност за снимање, пребарување и премотување и сето тоа со најдобриот квалитет на слика. А1 Македонија го прави овој период посебен со специјален подарок - до 6 месеци без претплата на водечките светски стриминг услуги Netflix и Max и воедно, корисниците добиваат можност да изберат некој од најпопуларните и најнапредни модели iPhone или Samsung смарт телефони.

“Како и секогаш, и овој пат, креиравме една од највпечатливите и најповолни понуди, дизајнирана да ги задоволи потребите на нашите корисници за уште повеќе комуникација, поврзаност и пристап до посакуваните содржини и уреди. Нашата цел е да ги разубавиме празничните моменти за корисниците, да внесеме свежина и позитивна енергија овозможувајќи им непречена комуникација и поврзување со најблиските. Затоа велиме, сите заедно, поврзани да блеснеме уште посилно и новата година да ја направиме уште повесела.”, изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор во А1 Македонија.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.a1.mk

03.12.2024 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега